
Во кинеската астрологија, 2026 носи наратив за „Огнениот Коњ“ како година на силни пресврти, брзи одлуки и емоции без многу кочници, со посебен фолклорен товар во Јапонија.
Според популарните толкувања, енергијата на годината се менува и се опишува како поинтензивна и понепредвидлива, што традиционално се поврзувало со суеверни предупредувања. Во Јапонија оваа комбинација е позната како hinoe uma и со децении важела за период што дел од семејствата се обидувале да го „избегнат“, особено кога станува збор за раѓања.

Легендите што ја хранат мистиката
Стравот од „Огнен Коњ“ се врзува и со постари приказни, меѓу кои се спомнува легендата за Јаоја Ошиќи, која оставила трага во колективната меморија и придонела оваа година да се доживува како симбол на силна, „опасно“ страсна енергија. Како историски пример се посочува и 1966, кога во Јапонија бил забележан пад на наталитетот поради суеверие, иако подоцнежните анализи не потврдиле дека жените родени тогаш имале посебно „потешка судбина“.
Љубов и односи под тест
Во современите хороскопски интерпретации, 2026 се опишува како година што турка кон искреност и брзи потези. Односите што и онака „климат“ може да се распаднат, а стабилните да добијат нова динамика. Нагласокот е на емоции што лесно се запалуваат, но потешко се контролираат, па се советува повеќе трпение и јасни граници во комуникацијата.
Кому годината „му оди“, а кому му носи најмногу притисок
Според кинескиот хороскоп во текстот, Тигар, Коза и Пас се издвојуваат како знаци што можат полесно да ја искористат динамиката на годината преку иницијатива, созревање и важни сојузништва. Најголеми предизвици, пак, може да почувствуваат Стаорец, Зајак и Бивол, бидејќи нивниот стил е повеќе ориентиран кон контрола, стабилност и постепени чекори, а „Огнениот Kоњ“ се толкува како спротивна енергија што носи брзина и промени без многу најава.

