во ,

Оптичката илузија на „BBC“ ќе ве остави без зборови: Погледнете што се случува кога 20 секунди гледате во оваа слика

Оптичката илузија која е дизајнирана за да покаже како далтонистите гледаат бои, ги остави зачудени корисниците на социјалните мрежи.

Снимката на „BBC Horizon“ првично била емитувана во 1985 година, а оваа недела за првпат беше споделена на Твитер и Фејсбук од архивата на познатиот „BBC“. На видеото постојано се прикажува зелено-жолто-црна верзија од британското знаме.

Во центарот на фотографијата се наоѓа црна точка во која треба да гледате 20 секунди по што сликата исчезнува. Сепак, по околу 20 секунди некои луѓе ќе ги видат вистинските бои на британското знаме – црвена, сина и бела.

Реклама

Оптичката илузија e објаснета со едноставна теорија за 3-те рецептори. Ретината на окото содржи 3 вида рецептори на боја наречени конусни клетки кои апсорбираат различни бои од спектарот.

Кога гледате во зеленото подрачје, рецепторите за сина и зелена боја се заморуваат и реагираат послабо од вообичаено на белиот екран. Но, рецепторите за црвена боја кои не биле во употреба работат нормално. Оваа нерамнотежа создава навидум црвена слика околу 20 секунди подоцна.

Во меѓувреме, жолтите подрачја на знамето ги заморуваат рецепторите за црвена и зелена боја. Кога сликата ќе стане бела, само рецепторите за сина боја работат нормално, што доведува до тоа таа да биде доминантна боја која ја забележуваме.

Оваа илузија покажува како далтонистите, чии рецептори се помалку чувствителни на една од овие бои, ги гледаат боите.

„Никогаш не можеме да ги знаеме вистинските бои кои тие ги доживуваат, но можеме да добиеме претстава за опсегот на сензации бидејќи знаеме кои бои им делуваат идентично“, наведува нараторот во видеото.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Истражување: До 2040-та година ќе „потонат“ околу 12 милиони квадратни километри од тлото

9 Работи кои сите ги заборавија, но повторно си ја вратија популарноста