
Операција ‘Чисто Скопје’: Орце Ѓорѓиевски ја доби првата битка – 4.500 тони отпад исчистени за 72 часа
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го започна својот мандат со досега невидена 72-часовна акција за чистење на главниот град. Откако Скопје со недели се гушеше во смет, Ѓорѓиевски ја доби првата битка: за само три дена, со ангажман на над 2.500 работници, од улиците беа собрани неверојатни 4.500 тони отпад. Ова е првиот и најголем тест што тој го вети во својата кампања, како одговор на хаосот што го остави претходната администрација.
Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана. „Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, почнавме да го чистиме и речното корито на Вардар, кој тече нормално после долги години. И Плоштадот е исчистен, кејот се третираше целосно, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симболика за срам на сите нас“, изјави Ѓорѓиевски.
Крај на неказнивоста: Почнаа да ‘паѓаат’ казни
Новиот градоначалник најави дека ова не е еднократна акција, туку почеток на нов систем на работа. Тој соопшти дека за време на 72-часовната акција веќе се изречени над 40 казни и 70 опомени, како за физички, така и за правни лица кои несоодветно го одлагале отпадот. Ѓорѓиевски испрати јасна порака дека ќе има нулта толеранција за загадувачите.
„Нема да дозволам да се повтори грдата слика што ја гледавме во Скопје“, порача тој. Оваа акција доаѓа по хаотичниот период во ЈП „Комунална хигиена“, каде што претходниот директор беше приведен токму поради несобирање на ѓубрето, оставајќи го градот во една од најголемите комунални кризи досега.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






