во ,

ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ МИСИИ НА НАЦИСТИТЕ: Хитлер го сакаше Гренланд по секоја цена, но не поради минерали, туку…

Хитлер го сакаше Гренланд по секоја цена

БЕРЛИН – Во времето на Втората светска војна, Гренланд беше данска колонија, но го сакаа светските сили, вклучувајќи ја и нацистичка Германија на Адолф Хитлер, пишува Шпигел. Геостратешката позиција на островот, меѓу Северна Америка и Европа, беше сметана за важен воен фактор, а од 1941 година па натаму, САД таму основаа воени бази со одобрение на Данска за транспорт на воен материјал на европскиот фронт и за следење на Северниот Атлантик од воздухот.

Не поради минерали, туку поради метеоролошки станици

Супер Попуст -25%

За време на Втората светска војна, нацистите го сакаа Гренланд – не поради минералните ресурси, туку поради метеоролошките станици кои се градеа таму, бидејќи метеоролошките податоци се клучни за војување, затоа што определуваат дали се распоредуваат авиони или бродови и дали се изведуваат поморски маневри, бомбардирања или амфибиско искркување.

Вермахт основа повеќе од 10 метеоролошки станици

До избивањето на Втората светска војна, мрежата на мерење беше меѓународно организирана, но по тоа нацистичка Германија повеќе немаше пристап до важните метеоролошки податоци од сојузниците, поради што Вермахт меѓу 1941 и 1945 година основа повеќе од 10 метеоролошки станици на Гренланд и Арктикот, вклучувајќи една под шифра „Холцауге” (Дрвено око).

Губењето на податоците ги попречи нацистичките напори

Губењето на податоците од мерењата од Гренланд ги попречи германските воени напори – во август 1943 година, германското воено морнарство испрати нов тим на Гренланд на бродот за набљудување на времето „Кобург”, кој неколку месеци пренесуваше податоци до Германија пред да го лоцира сојузничка патрола со санки и потоа да биде евакуиран.

Германците не го предвидоа Денот Д

Како се наведува, американскиот генерал Двајт Д. Ајзенхауер првично го планираше „Ден Д” за 5 јуни, но го одложи за следниот ден поради силни ветрови и високи бранови – со успех. Благодарение на метеоролошките прогнози, сојузниците можеа да го искористат краткиот период на помирно време на францускиот брег за нивната инвазија на 6 јуни, меѓутоа, германската страна не успеа да го предвиди ова поради неадекватни информации за времето.

Последна метеоролошка мисија во Арктикот

До последниот момент, германското раководство се обидуваше да ја контролира временската ситуација – воената команда „Хојдеген” беше една од последните што се впушти во арктичкиот мраз за да основа метеоролошка станица на Шпицберген. Тимот од 11 луѓе пренесе приближно 80 тони опрема во подморницата „Карл Ј. Буш”, вклучувајќи седум тони јаглен, како и радио опрема, експлозив, оружје и сандаци со храна.

Последни германски војници што се предадоа

Германскиот Рајх капитулираше на 8 мај 1945 година. Меѓутоа, луѓето на Арктикот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВО НАЈЛАДНИОТ ГРАД НА СВЕТОТ ЛУЃЕТО НЕМААТ ТОАЛЕТ, НО ОД ОВАА ПРИЧИНА ИМААТ ТРОЈА ВРАТА – минус 71 степен

Руските научници: На Сонцето се појавила џиновска дупка, сè започнало минатата година