
Трагедијата се случила во Гринвил, Јужна Каролина, каде актерката престојувала со својот партнер Брајан Хикерсон. Според официјалните извештаи, таа конзумирала оксикодон кој бил смртоносно измешан со фентанил, дрога која е дури 50 пати посилна од хероинот. Американските истражители од ДЕА и локалната полиција веќе покренаа опсежна истрага за да го лоцираат долгогодишниот дилер од Лос Анџелес кој ѝ ги продал лажните лекови.
Драматичен повик до брзата помош
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Откако ја пронашол во бессознание во нивниот стан, Хикерсон веднаш реагирал давајќи ѝ Наркан, медикамент кој се користи за итно поништување на дејството на опијатите. За време на повикот кон итните служби било пријавено дека таа доживува срцев удар како последица на предозирање. Подоцнежната обдукција потврди дека на нејзиното тело нема апсолутно никакви траги од физичка траума или насилство. Торбата со спорните лекови веднаш е предадена на полицијата како клучен доказ во понатамошната постапка.

Години во канџите на зависноста
Поранешната партнерка на боксерот Владимир Кличко, со кого ја има ќерката Каја, со години отворено зборуваше за своите внатрешни демони. Нејзините проблеми започнале уште на 15-годишна возраст во суровиот свет на шоу-бизнисот.
„Сè започна со таканаречените ‘апчиња за среќа’ кои ми ги даваа за да изгледам пожива на интервјуата, а борбата драстично се влоши по постпарталната депресија во 2014 година.“

Во своите мемоари таа искрено пишуваше за константната битка со алкохолот и наркотиците. Лекарите претходно строго ја предупредувале дека доколку не престане со пороците, ќе биде мртва за пет години. За жал, нејзината долгогодишна битка заврши со најтешкиот можен исход, оставајќи го Холивуд во шок.


