
Според извештаите на романските медиуми и телевизијата „Антена“, опасното откритие е направено на локација оддалечена околу 38 километри јужно од Констанца. Пристапот до целата зона веднаш бил ограничен од безбедносните служби, а неколку загрижени граѓани поднеле официјални пријави по инцидентот.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Серија инциденти и остатоци низ црноморското шеталиште
Ова не е единствениот случај – остатоци од дрон синоќа беа лоцирани и на бранобранот во близина на легендарното „Казино“ во Констанца. Ова е веќе шести ден по ред како мистериозни остатоци од дронови ги држат под строга тревога локалното население и државните власти во Романија.
„Изминатите денови романските воени сили во неколку наврати итно подигаа борбени авиони и хеликоптери со цел да ги следат воздушните напади во непосредна близина на границата со Украина.“


