во ,

Почнал да ја распрашува: Бабо, колку овци имаш?

Дознале новинарите дека на некоја планина живее баба што има многу овци и ги чува сама. Еден успеал да ја пронајде, а тогаш бабата си седела на столче и си плетела. На ливадата пред неа си паселе многу овци.

Почнал да ја распрашува:


– Бабо, колку овци имаш?

– Од кои, од црните или од белите? – прашала бабата.

– Па, на пример од белите?

– Илјада.

– А, од црните?

– Исто, мрзоволно одговорила бабата.

– А, колку волна дава една овца?

– Која, црната или белата?

– Па, на пример белата?

– Две кила годишно.

– А, црната?

– Исто.

– А, колку месо се добива од една овца?

– Од која, од црната или од белата?

– Па, на пример од црната.

– 25 кила.

– А, од белата?

– Исто.

Новинарот веќе изнервиран, му пукнал филмот, па и свикал на бабата:

– Па добро бе бабо, каква е разликата меѓу црните и белите кога цело време ме прашуваш „црните или белите“, и на крај пак сè исто?!

– Еее, црните се мои!!! – му рекла бабата.

– А, белите?

– Исто.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Влегувај во кола, и те молам веднаш дојди! Ми пукна цевка, цел подрум ми плива во вода!

Не можеш ли да си го скротиш животното! Што се разлаја толку! Ќе го разбуди бебето!