во

Претседателката Сиљановска-Давкова во Будимпешта на одбележување 70 години од Унгарската револуција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојува во Будимпешта, каде на покана на унгарскиот државен врв присуствува на активностите за одбележување на 70-годишнината од историската Унгарска револуција од 1956 година.

Свечена седница и средби со унгарското раководство

Во рамките на предвидената меѓународна програма, претседателката ќе присуствува на свечената седница на Националното собрание на Унгарија, по што следува и централниот комеморативен собир кој традиционално се одржува на познатиот плоштад „Лајош Кошут“.

Супер Попуст -25%

Државната посета вклучува и работен ручек кој специјално за шефовите на присутните делегации го приредува претседателот на Унгарија, Андраш Бака, каде ќе се разговара за продлабочување на билатералните односи меѓу земјите.

Гала-настан, прием и средба со дијаспората

Во вечерните часови, по повод големиот јубилеј, ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера. Официјалната комеморативна програма ќе биде заокружена со свечен прием во Музејот на ликовните уметности на плоштадот „Херои“, чијшто главен домаќин ќе биде премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.

Како што е најавено од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска-Давкова за време на оваа посета нема да ги изостави македонските иселеници. Во текот на денот, таа ќе оствари посебна средба со претставници на македонската дијаспора кои живеат и работат во Унгарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зеленски со директна порака: Несогласувањата со Трамп не се лични, но укинувањето на санкциите ја јакне Русија

Денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба