
Огромна штета и обвиненија за злоупотреба
Според обвинителниот предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Артан Груби и уште седум други лица се товарат за тешко кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувањето. Обвинетите се сомничат дека во периодот од 2023 до 2024 година, со свесно пречекорување на своите службени овластувања, предизвикале огромна финансиска штета на АД „Државна лотарија“ која се проценува на над 507 милиони денари.
Обвинителството спреми арсенал од докази
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
На претходното рочиште, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски одлучи да ја одложи главната расправа со цел да им се овозможи на обвинетите и нивните бранители соодветно време за увид во обемниот доказен материјал. Јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои го застапуваат предметот, најавија изведување на дури 231 материјален доказ, стручни вештачења и сослушување на седум клучни сведоци кои треба да ги расветлат настаните.
„Обвинетите мора да имаат доволно време да се запознаат со доставените докази и да предложат свои докази за натамошниот тек на постапката“, образложи судијката Шуплиновска-Јовевски при одложувањето на минатото рочиште.
Првообвинетиот во бегство, за Груби се бара притвор
Дополнителен предизвик за судскиот процес претставува фактот што првообвинетиот во овој случај, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, и натаму е недостапен за органите на прогонот и по него се трага. Што се однесува до поранешниот вицепремиер Артан Груби, надлежното Обвинителство веќе поднесе барање за продолжување на мерката куќен притвор, со цел да се обезбеди негово непречено присуство во текот на судската постапка.


