во ,

Просјак со монети купил ајфон: Не сакале да го пуштат во продавницата, а кога конечно успеал да влезе – сопственикот го дочекало изненадување!

Во денешното општество, изгледот често има големо влијание врз тоа како се третираат и почитуваат луѓето.

Луѓето имаат тенденција да ги судат другите врз основа на тоа како изгледаат, а понекогаш тоа влијае на тоа како се третираат, особено кога станува збор за финансиската состојба. Вообичаено е верувањето дека доколку изгледате богато, ќе ве третираат со поголема почит.

Реклама

Неодамна на „Инстаграм“ станало вирално видео кое покажува социјален експеримент поврзан со оваа перцепција. Експериментот вклучувал човек кој бил облечен како просјак и влегол во „Apple“ продавница со торби полни Монети како би купил iPhone 15.

Иако видеото е инсценирано, токму реакциите на вработените во „Apple“ продавницата о привлекле вниманието на гледачите и ги растопило нивните срца.

Овој социјален експеримент го креирале организаторите на „Јутјуб“ каналот под назив „King of Experiment“. Во видеото, еден од нив бил преправен во просјак и отишол во различни мобилни салони во Џодпур, Раџастан. Повеќето мобилни продавници не му дозволиле да влезе, а многумина одбиле да прифатат монети како начин на плаќање.

https://www.instagram.com/reel/CyBJ6s6PJZw/?utm_source=ig_embed&ig_rid=b4202897-132b-4d7f-935a-c23092a67961

На крајот, еден сопственик на продавница се согласил да ги прифати монетите и му дал модел на „iPhone Pro Max“. По завршувањето на трансакцијата, сопственикот на продавницата го дочекало изненадување кога просјакот открил дека сето тоа било шега.

Видеото набрзо станало вирално со преку 33,7 милиони прегледи и 3,4 милиони лајкови. Сепак, корисниците на Интернет биле согласни дека реакцијата на персоналот на „Apple Store“ била трогателна и ги споделиле своите размислувања во делот за коментари:

„Тоа е по сценарио … Никој од просјаците денес не наликува на него“, „Почитувајте ги купувачите нека тоа биде било кој“, „Не осудувајте книга по корицата“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе може ли да ми ја претскажеш иднината?

Ќарил Трпе пари на комар па и купил на Трпана автоматска перална…