во ,

Професионални готвачи споделуваат совети како да познаете дали некој ресторан е добар

Валкано или огромно мени, мирис на риба, малку гости во период на најголем метеж – професионалните готвачи од Редит споделуваат на што да обрнете внимание пред да јадете во ресторан.

Кога првпат одите во некој ресторан, не можете со сигурност да знаете дали храната е добра, дали се одржува хигиена во кујната и дали се користат свежи состојки. Затоа еден корисник на Редит решил да ги праша професионалните готвачи на што треба да обрнуваме внимание.

Корисникот ги замолил професионалните готвачи да споделат кои се предупредувачките знаци кои покажуваат дека кујната веројатно е валкана, дека храната ќе биде лоша и слично.

Во продолжение погледнете дел од најдобрите одговори:

„Ако ресторанот има огромно мени, тогаш поголемиот дел од храната што ја служат е замрзната“.

„Првото нешто што ни го кажаа во кулинарското училиште кога учевме за безбедно приготвување храна: Ако влезете во рибен ресторан и мириса на риба, веднаш напуштете го“.

„Ако ресторанот има мени од само една страна, тоа најчесто е добар знак. Тоа значи дека готвачите се експерти и сигурно одлично ги приготвуваат оброците во менито“.

„Подобро избегнувајте ги бифеата. Најчесто таму не ја менуваат храната, туку само ги дополнуваат садовите“.

„Во повеќето случаи, лимоните што ги ставаат во водата се валкани“.

„Ако порачувате школки, прашајте од каде се. Ако не знаат да ви кажат, подобро порачајте нешто друго. Ова важи за која било морска храна“.

„Ако менито е многу валкано, тоа значи дека најверојатно ништо во ресторанот не е исчистено како што треба“.

„Ако нарачате оброк за кој знаете дека се приготвува подолго, но ви го донесат веднаш, имајте на ум дека е зготвен претходно и најверојатно само ви го стоплиле. Ова не важи во периодот на големи гужви – тогаш рестораните мораат однапред да се подготват за многуте гости и нарачки“.

„Секогаш обрнувам внимание на односот меѓу вработените. Ако изгледаат расположено и се добро координирани, голема е веројатноста дека и храната ќе биде добра“.

„Ако ресторанот е сместен на прометна улица, а е празен, тогаш тоа е лош знак“.

„Ако сте во странство и веднаш најдете место во ресторан за време на најголемиот метеж, тоа обично значи дека локалните жители го избегнуваат“.

„Обрнете внимание на мирисот на ресторанот. Ако мириса на добра храна, тогаш сè е во ред. Но ако мириса на освежувачи или нешто слично, можеби се обидуваат да прикријат лоша миризба од нешто“.

„Не сум готвач, но член од семејството го работи тоа. Тој ми кажа дека најдобро е да избегнувам мраз во пијачките бидејќи на многу места заборават да го исчистат местото каде што го чуваат“.

„Ако ресторанот нуди храна од неколку кујни како, на пример, италијанска и јапонска, веројатно ќе добиете лош оброк“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светските милијардери додадоа 5.000.000.000.000 долари на нивното богатство за време на пандемијата

„Огледалце, огледалце, ова се најубавите народи во Европа“ – Ќе се изненадите кој сè е поубав од нас