во , ,

Рачно напишаните белешки на Ајнштајн се продадени за неверојатни 13,7 милиони долари

Белешките на Алберт Ајнштајн се продадени за неверојатни 13,7 милиони долари на аукција во Париз, пренесува Скај Њуз.

Белешките содржат 54 страници испишани со ракописот на научникот и претставуваат еден од вкупно два познати документи во кои ја изработувал својата позната терија за релативност.

Организаторите на аукцијата ја процениле вредноста на белешките помеѓу 2,3 и 3,4 милиони долари. Во работата на овие белешки учествувал и швајцарскиот физичар Бесо во 1913 и 1914 година.

Реклама

“Ајнштајн чувал ретки документи, малку се оние кои се креирани пред 1919 година, а кои сѐ уште постојат. Поради тоа е неверојатно што овие белешки опстанале до денес”, рекле организаторите.

Тие додаваат дека белешките се посебни и се гледаат јасно грешките и прецртувањата што докажува дека дури и генијалниот научник правел грешки додека ги изработувал своите теории.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двејн Џонсон е дарежлив кон своите обожаватели: Билети, текила, а за најдобриот и Порше

Се фалеле Игорче, Стојанче и Трпе кој има побрз татко…