во ,

Рекордерот со седум титули нема да се појави, Париз остана без својот крал

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да се повлече од Мастерсот во Париз, каде што е најуспешен во историјата на турнирот со седум освоени пехари.

Публиката во салата „Берси“ оваа година нема да го гледа, а српскиот тенисер се огласи со порака во која ѝ се извини на публиката што не е во можност да игра.

За сите храбри борци

„Драг Паризу, за жал оваа година нема да учествувам на Мастерсот. Имав одлични спомени и голем успех сите овие години, особено затоа што успеав да ја освојам титулата седум пати. Се надевам дека се гледаме следната година. Merci“, порача Ѓоковиќ, додавајќи „Благодарам“ на француски јазик на крајот.

Што следува за Ѓоковиќ?

Според распоредот, Новак Ѓоковиќ би требало да учествува на АТП турнирот во Атина, кој го води неговото семејство, а кој оваа сезона е преместен од Белград во главниот град на Грција. Тој турнир започнува на 2 ноември.

Тој исто така се квалификуваше и за завршниот Мастерс во Торино, но, како што пренесуваат медиумите, прашање е дали и таму ќе учествува, бидејќи во минатото знаел да го прескокне и овој турнир.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ручекот што го освои светот: кремасто пилешко и карфиол од една тава

„Го убив за да бидам познат“: морничавата исповед на убиецот на Џон Ленон