
Мирисот на свежо печена пројара веднаш враќа во детството.
Овој едноставен, но неодолив рецепт за пројара (позната и како проички кога се прави во калапи) ги спојува вкусовите на домашната традиција и топлината на семејниот оброк. Мека, мирисна и печена до златна коричка, таа е совршен избор за појадок, ужина или како додаток на главното јадење.
Состојки за пројара:
- 3 јајца
- 500 мл јогурт
- 400 г пченкарно брашно
- 150 г бело брашно (Тип 500)
- 200 мл масло
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 рамна лажичка сол
Подготовка на пројарата:
- Јајцата изматете ги со миксер додека не станат пенести.
- Додадете ги јогуртот, двата вида брашно, прашокот за печиво, солта и маслото.
- Сè добро изматете прво малку со миксер, а потоа продолжете со лажица или жица за матење додека смесата не се соедини.
- Намрсете ги калапите за мафини (за проички) или обичен плех за печење.
- Истурете ја смесата и печете во добро загреана рерна на 200 степени додека пројарата не добие убава златно-кафеава боја.
- Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






