во , ,

Реши да јаде и вежба како Џејсон Стејтам само на еден ден, еве како тоа изгледа

Фитнес јутуберот Вил Тенисон сака да ги искушува диетите режимите на исхрана на славните. Тој веќе тестираше дали е одржливо да се следи ритамот на Џенифер Лопез, Џејсон Момо или Кристијан Бејл, а сега ја испроба и рутината на Џејсон Стејтам.

Актерот, познат по многуте акциони улоги, јаде речиси 2.500 калории секој ден, пие минимум три литри вода и тренира. 95 проценти од неговата исхрана е здрава храна, а пет проценти се слатки, најчесто чоколадо.

Тенисон јадел зачинети јајца, овесна каша и овошје за појадок. Тоа е вкупно 600 калории, или 30 грама протеини, 73 грама јаглени хидрати и 21 грама маснотии.

Реклама

Следувал тренинг што не вклучувал боди-билдинг. Стејтам секој ден оди во теретана, но тренира друг елемент. Понекогаш брзина, понекогаш сила и агилност.

Јутуберот за ручек внел 470 калории со вегански ручек кој се состои од интегрален ориз, парен зеленчук и мисо супа.

Следувал уште тренингот, проследен со 440 калории закуска. Вечерата е во 19 часот, затоа што актерот тогаш го јаде последниот оброк во денот. Тоа е говедско, пилешко, месо од риба и салата. Вкупно 985 калории, со што внел вкупно 2.495 калории до крајот на денот и скоро го остварил денот на Стејтам.

„Тој навистина ги балансира протеините, јаглехидратите и мастите. Ми се допадна тренингот, иако беше крајно предизвикувачки”, заклучи Тенисон.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои би изгледале 10 познати личности ако нивното лице одговара на златниот сооднос

Наставнички ги претвораат школските клупи во џипови за децата да не се чувствуваат изолирано