во ,

Робинзон Крусо од реалниот живот го напушта островот: Враќање во цивилизацијата на човекот кој 30 години живее изолиран

Мауро Моранди (81), во далечната 1989-та година се насукал на островот Будели во близина на Сардинија.

Човекот познат и како италијански Робинзон Крусо, кој живее сам на еден медитерански остров повеќе од 30 години откако се соочил со потешкотии на море, изјавил дека, под притисок на властите, одлучил да замине од островот и да се пресели во мал стан.

81-годишниот Мауро Моранди во далечната 1989-та година се насукал на островот Будели во близина на Сардинија (познат по розовата песочна плажа) откако неговиот катамаран се расипал на пат кон јужен Пацифик.

Реклама

Во случајниот судбински пресврт, Моранди тогаш открил дека чуварот на тој остров требало да се пензионира за два дена, па одлучил да се откаже од своето патување, да го продаде чамецот и да ја преземе неговата улога.

Од тогаш Моранди ги запознал сите карпи, дрвја и животински видови на тој остров, пишува “Guardian”.

Меѓутоа, Моранди сега вели дека одлучил на крајот од месецот да замине од островот, по неколку закани од страна на властите на националниот парк Ла Мадалена, кој управува со Будели од 2016-та година. Тие сакаат да го претворат островот во центар за еколошко образование.

“Се откажав од борбата. По 32 години тука, се чувствувам тажно што заминувам”, рекол Моранди.

Моранди, роден во Модена во централна Италија, рекол дека ќе се всели во мал стан во Мадалена.

“Ќе живеам на периферијата на градот, па таму ќе одам само да купувам храна, а остатокот од времето ќе бидам сам. Мојот живот нема да се промени премногу, и натаму ќе гледам во морето”, рекол Моранди.

Тој со години без проблеми го чувал островот, му ги чистел патеките, го одржувал плажите недопрени и подучувал летни туристи за неговиот екосистем.

Но, улогата на Моранди била доведена во опасност кога приватната компанија, која била сопственик на островот, банкротирала.

Плановите островот во 2013-та година да се продаде на Мајкл Харт, бизнисмен од Нов Зеланд кој се обврзал да го задржи Моранди, пропаднале по протестот и интервенцијата на италијанската влада.

Судијата од Сардинија во 2016-та година пресудил островот да се врати во јавни раце.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човек од САД откри мистериозен тунел од 19 век под неговата куќа

8 Неверојатни факти за индиската железница: Најдолгата рута трае 82 часа, луѓето не висат од возови