во ,

Робот кој лута низ градот и ги „крпи“ улиците – Британците најавуваат револуција

Британската компанија „Robotiz3d“ претстави автономно возило за поправка на асфалт. Со помош на вештачка интелигенција, возилото идентификува оштетувања на улиците како дупки и пукнатини и ги „крпи“ на лице место.

Електричното возило кое е мешавина од тенк и багер ќе донесе револуција во системот за одржување на патишта, велат експертите.

Се очекува да „тргне во акција“ веќе наредната година, а со тоа да ги намали државните трошоци за огромни суми, пренесува „Daily Mail“.

Реклама

Безбедно и квалитетно

„Новата технологија ќе го забрза одржувањето и ќе ги намали трошоците. Патиштата ќе бидат побезбедни и поквалитетни“, вели Себастијан Фичер, технички директор на „Robotiz3d“.

Роботот ќе може самостојно да вози низ сообраќајниците и да детектира оштетувања. Тој ќе ги испраќа податоците до централа каде ќе се донесуваат понатамошни одлуки. Во случај на поголеми проблеми, на терен ќе бидат упатени специјализирани екипи.

Доколку станува збор за помали оштетувања, машината ќе ги санира во краток рок со нанесување на тенок слој асфалт.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Серии со највисоки рејтинзи кои целосно ќе го обземат вашиот ум доколку се одлучите да ги погледнете

Деца, кажете ми што е “лоша среќа”. Ајде, Кире?