
Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим (25) го проживува можеби најубавиот период во кариерата – и приватно и професионално.
Само неколку месеци откако стигна до полуфиналето на Ју-Ес Опен, тој „стапна на лудиот камен“ и се ожени со долгогодишната партнерка Нина Гаиби, убава јавачка со хрватско-мароканско потекло.
Романтичната венчавка се одржала на почетокот на септември во Мароко и траела дури три дена, а според зборовите на Феликс, инаку 10-ти играч во светот, сè изгледало како сцена од филм за Џејмс Бонд.
– Кога планирате венчавка, сакате тоа да биде настан за цел живот. И навистина беше така. Луѓето дојдоа од целиот свет, затоа славевме три дена. Беше магично, незаборавно. А ја знаете онаа – среќна жена, среќен живот… и среќен маж – изјавил Алијасим за „Tennis Channel“.

Повеќе од само свадба – одраз на теренот
Љубовната идила очигледно позитивно влијае и на неговиот тенис. На Мастерсот во Париз, Феликс избори пласман во четвртфиналето, по низа исцрпувачки мечеви. Тој додал дека оваа година направил значаен напредок во повеќе сегменти од играта.
– Ментално созреав многу, се чувствувам добро на теренот и надвор од него – рекол тенисерот кој оваа сезона освои и титула во Брисел.
Која е Нина Гаиби?
Нина Гаиби е професионална јавачка, родена во САД во 2000 година, со хрватски и марокански корени. Таа се натпреварува за Мароко. Интересно е што нејзина роднина е познатата австралиска тенисерка Ајла Томљановиќ, која и го запознала Феликс со неа во 2019 година. Парот се сврши во ноември 2024 година, а љубовта ја крунисаа со венчавка една година подоцна.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








