
Политичката пресметка околу сценографијата на прославата за 35 години независност продолжува. СДСМ ја обвини власта дека наместо да преземе одговорност за прикажувањето сонце со 12 зраци, повторно одговорила со политички напади.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Спорниот визуелен елемент беше прикажан на манифестацијата „Силно светнал ден“ во Охрид. Официјалното македонско знаме има сонце со осум зраци, додека на дел од сценографијата беше прикажана верзија со 12.
СДСМ бара да се каже кој е одговорен
Од опозициската партија бараат да се објави која компанија била задолжена за визуелното решение, колку пари биле потрошени и кој ќе понесе одговорност за спорниот приказ.
СДСМ ја отфрла одбраната дека станувало збор за уметничко решение и оценува дека власта требало да се извини и да даде конкретно објаснување.
ВМРО-ДПМНЕ: Тоа е уметничка инсталација
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговорија дека не станувало збор за погрешно државно знаме, туку за уметничка инсталација во која повеќекрако сонце визуелно се претопува во македонското знаме со осум зраци.
Во истата реакција владејачката партија употреби остар речник кон опозицијата, нарекувајќи го СДС „талогот на општеството“.
Нова расправија околу зборот „талог“
СДСМ сега токму оваа формулација ја става во центарот на својата реакција. Од партијата оценуваат дека наместо извинување за спорната сценографија, јавноста повторно добила навреди и политички препукувања.
„Кога ќе направат грешка – народот и СДСМ се виновни. Кога ќе понижат државен симбол – народот е талог. Кога немаат резултати – народот и СДСМ се проблем“, наведуваат од СДСМ во своето соопштение.
Од опозициската партија порачуваат дека за нив случајот веќе не е само прашање на сценографски пропуст, туку и на односот кон државните симболи и политичките критичари.
„Ова повеќе не е гаф, туку однос“, порача СДСМ, продолжувајќи ја политичката расправија што започна по прославата во Охрид.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден








