во

Собраниска надзорна расправа за „АЛТА банка“: Под лупа постапувањето на Народната банка и причините за воведување администрација

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска одржува надзорна расправа посветена на воведувањето привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, со акцент на улогата на Народната банка и институционалната одговорност.

Причини за администрацијата и акционери од Србија

Надзорната расправа доаѓа по случувањата од 1 ноември, кога во битолската банка беше воведена привремена администрација со времетраење од три месеци. Ова уследи по одлуката на српскиот супервизорски орган за одземање на дозволата за работа на матичната „АЛТА банка“ АД Белград и отпочнување стечајна постапка.

Супер Попуст -25%

Целта на воведувањето администратори – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска од Народната банка – е да се заштитат средствата и интересите на штедачите и доверителите до целосно разрешување на сопственичката структура.

 

Олеснување на условите за клиентите и работа на експозитурите

Во меѓувреме, Народната банка продолжува со постепено олеснување на пристапот до средства за клиентите. Од вчера е овозможено користење на електронското и мобилното банкарство со утврдени неделни и двонеделни лимити, а денеска со работа започнува и експозитурата во скопскиот трговски центар „Бисер“.

Редовно продолжуваат да функционираат и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде клиентите можат да вршат уплати, да ги плаќаат комуналиите и да подигаат готовина во рамките на постојните ограничувања.

„Целта на привремената администрација во битолската банка, како што образложи Народната банка, е таа да продолжи да работи, а средствата и интересите на штедачите и другите доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Остра реакција од Зеленски по разговорите во Абу Даби: „И јас можам да му нацртам мапа на Путин на која целосно ја окупирам Русија“

Остри критики од Левица: Власта го одби предлогот за субвенционирање станбени кредити за млади семејства