
Расчистување на диви депонии и комунален отпад
Според последниот извештај на јавното претпријатие, во изминатите седум дена се подигнати 3.600 тони редовен комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на град Скопје. Паралелно со редовните активности, од јавните и сообраќајните површини се отстранети вкупно 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Акциите за чистење ги опфатија сите скопски општини, но најголемо количество на ваков отпад од диви депонии е подигнато во Општина Центар, каде екипите расчистија дури 220 кубни метри.
Казни од Еко-патролата и едукација на најмладите
Покрај теренското расчистување, Еко-патролата активно работеше на санкционирање на несовесните граѓани. Изготвени се вкупно 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од кои најголемиот дел – дури 12 записници, биле врачени на територијата на општина Чаир.
Во насока на подигнување на јавната свест, ЈПКС реализираше и еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Преку овие активности, 90 ученици од шестите одделенија беа едуцирани за правилно одлагање и придобивките од примарната селекција на отпадот.
„Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини… Еко-патролата изготви 26 записници за кршење на Законот за јавна чистота.“


