
„Возач нема моќ, генерален секретар има“
Според партиското соопштение од Бихаќка, логиката на самиот настан отвора сериозни сомнежи за вмешаност на повисоки функционери. СДСМ посочува дека возачот бил фатен со претходно обележани банкноти поради барање мито од 1.500 евра за да посредува при вработување на пожарникар во Град Скопје, нешто за што еден обичен возач реално нема никакви ингеренции. Опозицијата прашува каква била вистинската улога на Јанушев во овој случај и дали приведениот возач бил само негова „продолжена рака“ за собирање на парите.
„Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ОКГ има“, нагласуваат од СДСМ.
Серија скандали и повик до Обвинителството
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Опозицијата потсетува дека ова не е изолиран инцидент поврзан со најблиските соработници на генералниот секретар на Владата. Од СДСМ потенцираат дека ова е веќе втор сериозен скандал годинава врзан со кабинетот на Јанушев, потсетувајќи на неодамнешниот случај кога негов посебен советник за економски прашања беше осомничен за лихварство и перење пари.
Набројувајќи ги сомнежите околу неговиот имот и бизнисите во Бугарија, социјалдемократите упатија и остра критика до правосудните органи. „Обвинителството се врати ли од екскурзија?“, иронично прашуваат од СДСМ, инсистирајќи на брза и неселективна правда која ќе допре до највисоките ешалони на власта, а нема да застане само на апсењето на посредниците.


