
Очекувања за брз раст и над 100.000 патници
Првичните анализи покажуваат огромен интерес кај граѓаните за користење на новата железничка линија. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во своето гостување на ТВ Сител истакна дека првата линија веќе опфаќа околу 200.000 жители, а проекциите се исклучително оптимистички. Целта е преку обезбедување на брз и ефикасен транспорт, бројката на патници во следниот период значително да расте и набрзо да ја надмине границата од 100.000 корисници.
„Првичните анализи се добри, за три дена имаше некаде околу 1.500 патници. Јас очекувам дека таа бројка ќе расте, дека за многу брзо време ќе надминеме и 100.000 патници. Нашата проценка е дека околу 200.000 жители се опфатени со правата линија“, рече министерот Николоски.
Две нови траси за целосно поврзување на Скопје
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Поради добриот одѕив, Министерството за транспорт веќе работи на проектирање на уште две нови траси кои треба драстично да го прошират опфатот на градскиот воз и да ги поврзат приградските населби со Новата железничка станица во центарот. Првата планирана линија ќе се движи низ источниот дел, поврзувајќи ги Автокоманда, Маџари, Ченто и Илинден сè до Агино Село. Втората траса е предвидена за северозападниот дел на градот, поминувајќи низ Бутел, Скопје Север, Волково и Ѓорче Петров, со крајна дестинација во Сарај.
Со реализацијата на овие две линии би се создала сеопфатна железничка мрежа која ефикасно ќе ги поврзе трите главни делови на Скопје и приградските населби, нудејќи брза и еколошка алтернатива на градскиот сообраќаен метеж.


