во ,

Се бара дизајнер на простор во „Мајнкрафт“, ќе биде платен 60 евра на час

Дали играте „Мајнкрафт“? Сега може да заработувате играјќи ја оваа игра, доколку сте креативни.

Една британска фирма бара лица што ќе дизајнираат виртуелни пејзажи за „Мајнкрафт“, а надоместот изнесува 60 евра за час.

Компанијата „Ватшед?“, која се опишува како најдобриот и најголем водич за купување додатоци за дворови, објавила оглас во кој бара дизајнери на виртуелни дворови кои ќе им нудат професионален совет на играчите на „Мајнкрафт“ што сакаат да го разубават својот онлајн-простор. Потребно е да се има солидно познавање на играта, како и добри комуникациски вештини, креативност и страст за градинарство и за одржување дворови.

Во огласот не се наведува географско ограничување, па веројатно работата е отворена за кандидати од целиот свет.

Вработеното лице ќе добива 50 фунти (околу 60 евра) на час за да ги оценува дизајните на корисниците и да им понуди креативен совет, како и да креира дизајни.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Земјотрес од 7 степени според Рихтер тресе во Јапонија, а тој си седи

Овој уметник ги оживува секојдневните предмети со мобилен и без фотошоп