
Се собрале другарите за десетгодишнината и се прашуваат каде ќе одат.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Еден вели:
– Да одиме во кафеаната кај Белиот, добри се келнерките!
Се собрале за дваесетгодишнината, каде ќе одат?
– Да одиме во кафеаната кај Белиот, вкусна е храната!
Се собрале за триесетгодишнината, каде ќе одат?
– Да одиме во кафеаната кај Белиот, евтино е!
Се собрале за четириесетгодишнината, каде ќе одат?
– Да одиме кај Белиот, нема провев!
Се собрале за педесетгодишнината, каде ќе одат?
– Да одиме кај Белиот, таму никогаш не сме биле.


