во ,

Син ми е свештеник. Кога и да влезе некаде сите го викаат „Оче“

Четири католички свештеници и една калуѓерка пијат кафе во кафуле на плоштадот „Св. Петар“ во Рим. Првиот свештеник се фали:

– Син ми е свештеник. Кога и да влезе некаде сите го викаат „Оче“

Реклама

Вториот свештеник му одговара:

– Син ми е бискуп и он кај и да влезе сите го нарекуваат „Ваша Милост“

Третиот свештеник на тоа додава:

– Син ми е кардинал, и кога он ќе се појави некаде сите му се обраќаат со „Ваша Еминенцијо“

Четвртиот само ги слушал па гордо им одговорил:

– Син ми е Папа, кога он ќе влезе некаде, сите се клањаат и му се обраќаат со „Ваша Светост“

Калуѓерката цело време молчела и си пиела кафе, па сите се свртеле накај неа и ја прашале:

– А, вие?

На ова таа гордо одговорила:

– Јас имам ќерка, згодна, висока 175cm, обем на гради 96cm, обем на струк 60cm, обем на колкови 90cm

… Е, кога она ќе влезе некаде, сите и се обраќаат со „О, БОЖЕ МОЈ!“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Климе оди по риба со мајца, и водата му е до…

Слези кај соседите долу тие лепеа тапети нели станот ни е ист…