во

СКАНДАЛ ВО ПАКИСТАН: 331 дете заразено со ХИВ поради користење на исти шприцови во болница!

Истрага на „Би-би-си“ откри застрашувачки пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде поради повторно користење на исти шприцови дури 331 дете е заразено со ХИВ.

Во градот Таунса, во покраината Пенџаб, во периодот меѓу ноември 2024 и октомври 2025 година биле идентификувани стотици деца позитивни на ХИВ. Овие шокантни податоци биле собрани од покраинската програма за скрининг, приватни клиники и протечени полициски извештаи.

Тајни снимки ги открија опасните практики

Супер Попуст -25%

Истрагата се фокусирала на болницата THQ Таунса, откако лекар од приватна клиника кон крајот на 2024 година ја поврзал појавата на големиот број случаи токму со оваа здравствена установа. Иако медицинскиот директор тогаш бил суспендиран, тајните снимки покажале дека опасните практики продолжиле.

„За време на 32 часа тајно снимање биле забележани 10 случаи во кои шприцеви биле повторно користени за ампули со повеќекратни дози. Во еден од случаите, истото шишенце било користено за давање лек на повеќе деца,“ пренесува „Би-би-си“.

Регистрирани се и 66 случаи во кои медицинскиот персонал им давал инјекции на пациенти без стерилни ракавици, а медицинска сестра била снимена како со голи раце пребарува контејнер за медицински отпад. Микробиологот Алтаф Ахмед предупредува дека и при ставање нова игла, постои огромен ризик доколку самиот шприц бил контаминиран.

Децата не се заразени од мајките

Податоците од истрагата јасно укажуваат дека од 97 ХИВ-позитивни деца чии семејства биле тестирани, само четири мајки биле позитивни на вирусот. Тоа дефинитивно исклучува дека преносот од мајка на дете е главната причина за масовното заразување.

И покрај овие докази, новиот директор на болницата ја оспори автентичноста на снимките. Локалните власти соопштија дека УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) работат на терен, истражувајќи ги и другите ризици поврзани со нерегулирани приватни практики и неконтролирани трансфузии на крв.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО: Запленети над 324 килограми марихуана, разбиена меѓународна криминална група!

ПОЛСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СО ИСТРАГА: Се утврдуваат причините за кобната автобуска несреќа во Унгарија со 12 жртви.