во ,

Скапо платено фијаско: 600 дронови завршија во морето наместо да блескаат над Будва

Новогодишно фијаско во Будва: „Дожд“ од 600 дронови падна врз публиката и во морето

Наместо спектакуларно светлосно шоу на небото, илјадници посетители во Будва на полноќ сведочеа на вистинска катастрофа. Поради техничка грешка, околу 600 дронови одеднаш изгубиле контрола и почнале да паѓаат врз платото пред Капетанијата и во морето. Вистинска среќа е што во овој хаос нема повредени лица, иако областа била преполна со туристи.

Полицијата и обвинителството истражуваат

Супер Попуст -25%

Будванската полиција веднаш извршила увид и го известила обвинителството во Котор. Се истражува како дошло до ваков масовен технички колапс на скапата опрема која требаше да биде главна атракција на дочекот. Организаторите се соочуваат со огромна материјална штета и потенцијални казни за загрозување на безбедноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Злато и милиони во сеф во Белград“: Каде завршиле украдените пари од РЕК Битола?

Нов колапс на железницата: Машиновозачите го запреа сообраќајот, бараат плати