во , ,

Сликата на Бенкси посветена на здравствените работници продадена за неверојатни 23 милиони долари

Сликата, која Бенкси им ја посвети на здравствените работници и ја донираше во болница, се продаде за вртоглави 23 милиони долари.

Супер Попуст -25%

Делото на мистериозниот уметник, кое го носи името „Game Changer“ беше донирано во Универзитетската болница „Southampton“ во мај минатата година, за време на првиот бран на коронавирусот. На сликата е прикажано мало дете кое си игра со кукла, која е медицинска сестра, додека фигурите Бетмен и Спајдермен се ставени во корпа покрај момчето.

„Ви благодариме за сè што правите. Се надевам дека ова ќе ви го разведри просторот малку, иако е само во црна и бела боја“ – напишал Бенкси во порака за персоналот.

Парите од продажбата ќе бидат донирани за Универзитетската болница „Southampton“, како и за други здравствени и добротворни организации.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Докторе, мојот сопруг мисли дека е коњ…

7 Нешта кои можеби не сте ги знаеле за Суецкиот канал