
Фолк-пејачот Спасен Сиљаноски, заедно со „Престиж бенд“, приреди незаборавен концерт на „Велешка питијада“, кој предизвика бура од емоции кај присутните. Настанот го одбележа посебен момент кога пејачот ја изведе својата позната песна „Мајка“, а публиката во еден глас ги пееше стиховите со него.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден

Сиљаноски, видно трогнат, едвај ги задржа солзите додека го слушаше собраниот народ како ги пее неговите рефрени. „Најголем успех за еден уметник е кога публиката ти ги пее песните на глас. Ме направивте навистина горд и среќен,“ изјави пејачот во видео од настапот кое го сподели на својот Фејсбук профил.
Овој концерт уште еднаш потврди дека Спасен е еден од ретките фолк-пејачи кој ја гради својата кариера со авторски песни, а неговиот стил и емоционални настапи секогаш оставаат силен впечаток на публиката.


