во ,

Спремај се, одиме на службен пат една недела…

Директор на компанијата и вика на својата секретарка:

– Спремај се, одиме на службен пат една недела.

Секретарката му се јавува на својот сопруг:

Реклама

– Ќе бидам една недела отсутна од дома.

Мажот и се јавува на својата швалерка:

-Жена ми ќе оди на пат недела дена, ќе можеме да бидеме заедно.

Швалерката му се јавува на ученикот на кој му дава часови по математика:

– Ќе бидам зафатена, ќе паузираме една недела па после ќе продолжиме.

Малиот му се јавува на својот дедо:

– Нема часови цела недела, ќе ме носиш да фаќаме риба?

Тој и се јавува на секретарката:

– Внук ми сака да бидеме заедно, не патуваме.

Секретарката му се јавува на мажот:

– Патот ми е одложен.

Мажот на швалерката:

– Жена ми останува дома. Жал ми е.

Жената му се јавува на ученикот:

– Сепак ќе имаме часови како и обично.

Малиот му се јавува на дедо му:

– Дедо, професорката рече дека ќе учиме. Не можам да дојдам.

Дедото на секретарката:

– Спремај се, сепак одиме…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Прстени кои се толку воодушевувачки што ќе посакате да добиете предлог за брак

Пријателки позираат во иста облека, докажувајќи дека големината не е важна