
ССМ излегува на улица: Од 15 јануари почнуваат протести и блокади за повисоки плати
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека од 15 јануари започнува со протести, бидејќи, како што велат, „не гледаат позитивни вибрации“ од Владата и работодавачите за зголемување на платите. Иван Пешевски од ССМ најави штрајкови во институции и блокади на улици како предупредување пред мартовското усогласување на платите.
Ултиматум за 600 евра минималец: Можен е и генерален штрајк
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Синдикатот е дециден во своите барања: минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување од по 100 евра за сите останати плати. „Ако повторно нема разбирање, не е исклучена можноста за генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор“, предупреди Пешевски, нагласувајќи дека работниците мора да добијат достоинствен раст на примањата.


