
ДИГИТАЛНА ЧИСТКА: Мета избриша 540.000 профили во Австралија – започна ерата на забрани за млади под 16 години
Компанијата „Мета“ спроведе масовна акција за деактивирање на кориснички профили во Австралија, како директен одговор на новиот револуционерен закон кој забранува социјални мрежи за лица помлади од 16 години. За само една недела, повеќе од половина милион млади корисници останаа без пристап до своите дигитални заедници.
Инстаграм најмногу погоден од „метлата“
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Според официјалните податоци на Мета, во периодот од 4 до 11 декември беа отстранети вкупно 544.052 профили. Распределбата по платформи е следна:
- Инстаграм: 330.639 профили
- Фејсбук: 173.497 профили
- Тредс: 39.916 профили
Казни од 33 милиони долари за непослушните
Законот, кој стапи во сила на 10 декември, не ја штеди индустријата. Покрај Мета, под лупа се и ТикТок, Снепчет, Редит и Јутјуб. Компаниите кои нема да воведат строга проверка на возраста се соочуваат со казни до 33 милиони американски долари.
Мета бара „родителска контрола“ на ниво на апликации
Иако ја исполнува законската обврска, Мета предупредува на хаос. Компанијата смета дека товарот за проверка на возраста треба да падне врз продавниците за апликации (Apple App Store и Google Play), а не врз секоја социјална мрежа поединечно.
„Тоа е единствениот начин за доследна заштита – родителите да даваат согласност уште при преземање на апликацијата“, велат од Мета.


