во ,

Стариот овчарски пес бркал зајци во шумата, сè додека не залутал длабоко во неа, и тогаш сфатил дека се изгубил…

Стариот овчарски пес бркал зајци во шумата, сè додека не залутал длабоко во неа, и тогаш сфатил дека се изгубил… Кога погледнал наоколу, видел еден куп коски, и тогаш слушнал чекори на диво животно… Тоа бил леопард кој полека му се приближувал.

Што ке правам сега? Си помислил во себе. Тогаш брзо зел една коска од тие до него и почнал да зборува, знаејќи дека леопардот го слуша:

Реклама

– Баш е вкусен овој леопард, камо да можам да најдам уште некој.

Кога леопардот го слушнал ова, се повлекол во шумата. Преплашен, секако… Меѓутоа, сево ова го гледал некој мајмун на дрво кој решил да го накодоши кучето на леопардот, па побрзал да го стигне леопардот и да му каже сè. Кога кучето го видело мајмунот како брзо скока од гранка на гранка, ја насетило неговата намера и побрзало да го следи. Го видело како му ја објаснува на леопардот целата ситуација, по што овој тргнал да му се одмазди на кучето.

Кога му се приближил доволно за да може да го чуе, стариот пес рекол:

– Па, каде ли е тој мајмун веќе еднаш, уште пред еден час го пратив да ми го донесе леопардот и уште го нема…

Заклучок I: Не се закачај со стари кучиња, знаењето и мудроста се стекнуваат со текот на годините.

Заклучок II: Што и да направите, секогаш ќе се најде некој мајмун во околината кој ќе биде сведок на сето тоа.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Градби кои изгледаат како да не се од овој свет

Си одела црвенкапа низ шумата и некој непознат глас и довикал…