во , ,

Столб на паркинг, во кој сите удираат со возилата, има „свој“ Фејсбук профил

Ова е најпознатиот столб во САД од кој многу возила имаат настрадано, а мотото му е „Ме туркаат, но јас станувам повторно“, се шегува основачот на неговиот Фејсбук профил.

Дали ви се случува автомобилот да го закачувате постојано на некое место? Едноставно тој агол како да не влегува во вашето видно поле и тоа место во вашата меморија…

Така е и со еден мал метален столб на паркингот на еден од маркетите Walmart на Флорида.

Иако е жолт и од далеку видлив, изгледа е лошо поставен и луѓето постојано го удираат со своите автомобили.

Поради честите инциденти со него, овој столб стана најпознатиот столб во САД,  а како пародија има дури и „свој“ Фејсбук профил на кој се прикачуваат фотки од инцидентите со него.

Oној што го направил Фејсбук профилот дури дава и сатиричен опис кој го „кажува“ столбот: „Ме туркаат, но јас станувам повторно“.

Целта е да се внесе хумор во овие тешки времиња.

Фотографии од столбот кој постојано „прави проблеми“:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студент споделил рецепт од својата мајка кој му помогнал да го врати сетилото за вкус по Ковид-19, стотици луѓе го испробале

Што се случило на 11ти октомври?