во ,

СТУДЕНО УТРО, ТОПОЛ ДЕН: Температурен шок – од -3 до +20 степени!

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Времето во Скопје

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Какво време нè очекува?

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Куманово доби ‘ѕвер’ од 950.000 евра: Пожарникарите се подновија со 32-метарска скала од Тирол

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13 НОЕМВРИ: Ракот прави добри планови, Скорпијата е среќна во врската со партнерот