
Војната и малцинските права како главен услов
Официјална Будимпешта не отстапува од своите црвени линии кога станува збор за европската перспектива на источниот сосед. Според премиерот Маѓар, Украина очигледно не е подготвена за влез во европското семејство, првенствено поради воената состојба, но и поради неисполнетите ветувања кон малцинствата. Тој отворено нагласи дека Киев сè уште не го почитува договорот за враќање на одземените права на етничките Унгарци во областа Закарпатија, проблем кој датира од 2015 година и за кој, според него, нема никаков видлив напредок на терен.
„Што и да се обидуваат лидерите на ЕУ или земјите-членки да ѝ предложат на Украина, мислам дека е погрешно“, дециден е Маѓар во својот став околу европските политики кон Киев.
Нема експресен прием од политички причини
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Иако Унгарија претходно дала зелено светло за старт на пристапните преговори, премиерот јасно стави до знаење дека тоа не значи бланко поддршка за прескокнување на правилата. Тој остро се спротивставува на забрзувањето на интегративниот процес само поради политички мотиви и симпатии, инсистирајќи дека секоја одлука мора да се темели исклучиво на реалните достигнувања на земјата кандидат. Овој тврд став претставува континуитет на политиките на претходната влада предводена од Виктор Орбан, која исто така предупредуваше дека земја во конфликт со Русија не може да ги исполни строгите критериуми за членство.
Референдумот ќе го даде последниот збор
Најголемото изненадување во настапот на унгарскиот лидер е најавата за директно вклучување на граѓаните во носењето на конечната одлука. Маѓар потенцираше дека кога целиот преговарачки процес ќе заврши, крајниот збор за евентуалниот прием на Украина во Унијата ќе го каже унгарскиот народ на национален референдум. Овој потег јасно покажува дека Будимпешта нема лесно да попушти под притисоците од Брисел, задржувајќи го своето суверено право на вето преку демократската волја на сопствените граѓани.


