
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации, која изнесуваше вкупно 10.944.793 денари.
Во објавената видео-информација на фејсбук-профилот на иницијативата, се наведува дека од вкупната сума, еден милион денари се издвоени за данок на државата. Останатите средства се еднакво распределени на 137 лица, при што секое лице добило износ од по 71.900 денари.
Пари собрани од хумани граѓани и компании
„Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределба… кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“, стои во објавата. Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.
Донациите беа собрани по трагедијата во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година, во која загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







