
Драма во тетовската Клиничка болница, каде двајца хирурзи физички се пресметале денеска напладне во просториите на хируршкото одделение. Ова не е прв случај на конфликт меѓу истите двајца лекари, потврдија од болничката управа.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
За инцидентот веднаш била известена полицијата, а управата на болницата најави формирање на комисија која ќе истражи што точно се случило и ќе преземе соодветни дисциплински мерки. Според информациите од СВР Тетово, се преземаат активности за целосно расветлување на случајот, при што се сомнева дека при тепачката бил користен тврд предмет.


