во ,

ТЕНЗИЈА И ЧАД ВО БАГДАД: Нереди по веста за Хамнеи

Нереди избија во Багдад откако демонстранти се обидоа да навлезат во строго чуваната Зелена зона по веста за смртта на ајатолахот Али Хамнеи

Според извештаите, групи демонстранти се упатиле кон делот од градот каде што се наоѓаат владините институции и американската амбасада. Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона, при што биле забележани блесоци и чад. По кратко време, дел од демонстрантите се повлекле.

Протести и во јужен Ирак

Супер Попуст -25%

Истовремено, протести биле регистрирани и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓани марширале и извикувале пароли. Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран.

Во официјалното соопштение, Багдад го оцени заедничкиот американско-израелски напад како „очигледен чин на агресија“, нагласувајќи дека ситуацијата носи ризик од дополнителна дестабилизација во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО ТЕХЕРАН: Како беше елиминиран Хамнеи

РОДИТЕЛИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Правда за децата од „Пулс“