во ,

„Тесла“ ја меша Месечината со жолто светло…

Од „Тесла“ неодамна соопштија дека секој корисник на нивните возила може да се претплати, од 99 до 199 долари месечно, за да го користи целосното автономно возење на автопилот, но изгледа дека новата можност доаѓа со неколку тешкотии. Неодамна еден возач на „тесла“ на „Твитер“ сподели мал проблем со системот.

Излегува дека функцијата ја меша Месечината со жолто светло и го забавува возилото. Треба да се забележи дека тоа е екстремно жолта Месечина која е прилично спуштена.

„Тесла“ имаше доста проблеми по воведувањето на функцијата на автоматско возење, но тоа и се очекува кога се тестира нова технологија. Инженерите даваат сè од себе да ги намалат проблемите, но тоа едноставно е невозможно.

Но, добро е што компанијата прави сè за да ги поправи сите потенцијални проблеми веднаш штом ќе се истакнат. Во очекување сме да видиме како ќе се реши овој проблем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Влијанието на каменот врз сообраќајната култура…

Момче нашло решение за високите температури и долгата гранична колона: Излегол од возилото и направил нешто што ги насмеало сите