во , ,

Тинејџер нарачал ‘евтин iPhone’ – поради она што го добил стана хит на интернет

Тајландски тинејџер станал вирален откако онлајн порачал евтин iPhone само за да добие масичка за кафе во форма на паметен телефон.

Неименуван тинејџер мислел дека наишол на одлична понуда, но останал прилично разочаран кога му пристигнал пакетот. Кутијата во која требало да стигне неговиот паметен телефон била висока речиси колку него, поради што веднаш знаел дека нешто не е во ред.

Кога ја отворил, имал што да види. Имено, внатре имало маса за кафе во облик на iPhone. Но, се покажало дека станува збор за негова грешка, со оглед на тоа дека во описот на производот пишувало дека се работи за столче.

Тајландските медиуми пренесуваат дека на Фејсбук објавил дека наишол на добра прилика, која не сакал да ја пропушти. Наводно напишал дека трошоците за доставата биле поголеми, но дека тоа не го спречило да ја искористи приликата за ‘евтин iPhone’.

Неговите фотографии станале вирални, а многумина не можеле да веруваат во неговата забуна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детективска загатка: Има 10 траги, дали можете да откриете кој е убиецот?

Докторе, мојот сопруг мисли дека е коњ…