во ,

Типично кинеска работа! Електричен „Jeep“ кој може да се купи за 66.000 денари

Кинеската технолошка компанија специјализирана за електронска трговија Алибаба е полна со секакви чуда и на неа може да се најде сè, од игла до локомотива по релативно поволни цени. Електричниот мини џип привлече внимание на многумина.

Поточно, тоа е копија на американскиот модел „Willys Jeep“ од Втората светска војна во толкувањето на кинеската марка Хаобо, кој има 1,2 kW мотор и доаѓа со 60 V литиум-јонска батерија, со која можете да патувате до 80 километри одеднаш.

Реклама

Секако, електричната кинеска верзија нема перформанси на оригиналното американско воено возило, а достигнува максимална брзина од 40 километри на час. Иако визуелно наликува на џип, тој е многу помал од оригиналот – се наоѓа некаде на половина пат помеѓу играчка и вистинско возило.

И покрај тоа, во возилото има место за две лица, односно има максимална носивост од околу двесте килограми. Неговата најголема предност? Ниска цена на возилото! Електричниот џип Хаобо на Алибаба се продава по цена од само 1.300 американски долари или 66.000 денари, додека цената на оригиналот е до 25 пати поскапа. Но, ова не е најевтиниот модел на страницата!

Цената на возилото се менува во зависност од желбите и можните надградби, но и од местото каде што се испорачува. Автомобилот, се разбира, треба да се испорача од далечна Кина, за што ќе се издвојат исто така пари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако веќе сте решиле да си го украсите телото засекогаш, размислете 2 пати дали ќе штедите пари на тоа! Овие 40 луѓе штеделе!

Оваа девојка од Чешка е опседната да изгледа како Барби