во ,

Тој е помлад од ќерка ѝ: Мадона (67) ја планира свадбата со 29-годишното момче

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години.

Според „Радар онлајн“, Аким ѝ предложил брак на пејачката во тајност, а близок извор открива дека Мадона „свети од среќа“ и дека „никогаш не била толку заљубена“.

„Морис ѝ ја враќа самодовербата, ја прави среќна и се однесува нежно кон неа – нешто што не го почувствувала долго време“, вели изворот.

Гласините за свршувачка се појавија уште порано, кога обожавателите забележале дијамантски прстен на раката на Мадона, но пејачката во тоа време не сакала да коментира. Овој пат, наводно, сè е потврдено.

Романтична свадба во Италија или Португалија

Ако им се верува на изворите, свадбата би можела да се одржи во Италија или Португалија, земји што Мадона ги сака. Парот наводно планира интимна церемонија, далеку од медиумските рефлектори, само со неколку членови на семејството и блиски пријатели.

Предбрачен договор без сомнение

Како и со секоја врска со Мадона, сè е испланирано до најмалиот детаљ. Иако е вљубена, пејачката не заборава на практичните работи – ќе потпише предбрачен договор.

„Секако дека ќе потпише предбрачен договор. Акем го прифати веднаш и се согласи на сите клаузули за доверливост без никакви проблеми“, открива изворот.

Мадона и Акем се во врска од 2022 година. Иако многумина коментираат за големата разлика во години (38), на пејачката очигледно не ѝ е грижа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма во Вашингтон, 820 летови стојат поради закана за бомба

„Ав, ав“ од небото: Jапонскиот иновативен метод за бркање мечки