
Трагедијата се случила нешто по 18:00 часот во областа Толос. Според извештаите на грчкиот весник „Прото Тема“, приватниот хеликоптер претходно полетал од Маркопулос, во регионот Атика, а несреќата се случила токму при обидот за слетување на островот.
Контрадикторни првични информации за бројот на жртви
Веднаш по падот на леталото, настана збрка околу бројот на лица кои биле внатре.
„Првичните информации говореа дека во леталото имало три лица кои биле пронајдени во бессознание, што првично го потврди и градоначалничката на Сифнос, Марија Данали. Сепак, подоцнежните истраги на терен потврдија дека во хеликоптерот всушност имало шест лица и дека сите биле извлечени мртви.“
Паника меѓу локалното население
Она што дополнително предизвика страв кај мештаните е локацијата на самиот пад. Леталото се урнало во непосредна близина на станбени куќи, што отвори сомнежи дека бројот на жртви би можел да биде уште поголем.
- За среќа, засега нема информации за повредени или загинати лица на земјата.
- Пожарот кој избувна по падот брзо ги мобилизираше локалните противпожарни и спасувачки служби.
- Во тек е обемна истрага за да се утврдат причините за оваа кобна авионска несреќа при слетувањето.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден







