
Во источната украинска област Доњецк, руски проектил уништи дури шест ката од станбена зграда. Во овој напад, според изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, загина едно лице, а 16 се повредени. На мета на нападите ноќеска беше и железничката станица во украинското пристаниште Измаил на југот на земјата, за која се наведува дека се користи за транспорт на воен товар и гориво за украинските вооружени сили. Зеленски истакна дека руските сили во текот на ноќта нападнале вкупно 12 украински региони.
Битка во Црното Море
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили во Црното Море успешно погодиле два влекача. Според тврдењата од Москва, овие пловила придружувале товарни бродови кои пренесувале западно вооружување наменето за Украина.
Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија
Од друга страна, украинските сили ја проширија кампањата на удари врз руската економска и логистичка инфраструктура, таргетирајќи објекти кои се оддалечени стотици километри од линијата на фронтот.
„Погодено е пристаништето Уст-Луга во Ленинградската област, северозападно од Москва, при што нападот предизвика голем пожар,“ потврди гувернерот на областа, Александар Дрозденко.
Пристаништето Уст-Луга е еден од најголемите руски терминали за извоз на нафта и гас и се наоѓа на оддалеченост од над 800 километри од Украина. Покрај терминалот, Украина изведе напад и врз објекти на компанијата „Вајлдберис“ (Wildberries), најголемиот руски онлајн-трговец, за кој Киев отворено тврди дека помага во логистичкото снабдување на руската армија.


