во

ТРАГЕДИЈА ВО ШПАНИЈА: Две жени загинаа во страшни поплави и одрон, настрадаа и две бебиња!

Две жени го загубија животот, а две бебиња се повредени како последица на страшни поплави и одрон што го погодија северозападниот дел на Шпанија, поточно автономната област Кастилја и Леон.

Според официјалните информации од локалните спасувачки служби, жртвите во оваа природна катастрофа се две жени на возраст од околу 60 и 80 години. Силното невреме предизвикало ненадејно лизгање на земјиштето и поплави кои за жал биле кобни за нив.

Супер Попуст -25%

Драма во селото Мансанедо де Валдуеса

Ситуацијата на теренот била исклучително драматична во текот на целиот ден. Еден маж првично бил пријавен за исчезнат по разорните поплави во селото Мансанедо де Валдуеса, но по брзата реакција на службите и опсежната потрага, тој за среќа бил пронајден неповреден.

„На местото на несреќата веднаш беа испратени сите расположливи екипи на противпожарната служба и полицијата, припадници на Граѓанската гарда, како и специјализирани медицински тимови кои им пружија помош на настраданите,“ соопштија локалните власти.

Спасувачките акции и расчистувањето на теренот во погодените подрачја продолжуваат, додека надлежните ги проценуваат огромните материјални штети предизвикани од природната стихија.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА КАЈ СОСЕДИТЕ: Регистрирани првите три случаи во Србија оваа сезона!

ВОЗДУШНА ТРЕВОГА ВО РОМАНИЈА: НАТО авион собори дрон кој влезе од правец на Молдавија!