
Според официјалното соопштение, воените системи за надзор го регистрирале леталото во 4:44 часот, на околу 24 километри северно од Галац. По неговото навремено откривање, веднаш биле подигнати борбени авиони од шпанските воздухопловни сили, кои се распоредени во Романија во рамките на НАТО мисијата за воздушно патролирање.
Шпански Ф-18 го пресретнал леталото
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Брзата реакција на воздухопловните сили спречила евентуална поголема закана за безбедноста на романската територија.
„Еден од авионите Ф-18, кој бил во редовно борбено дежурство од 57-та воздухопловна база ‘Михаил Когалничеану’, успешно го пресретна и го собори дронот“, информираат надлежните власти.
Како можна локација на падот на остатоците од леталото е идентификувано ненаселено подрачје меѓу населените места Балени и Кудалби, сместени во округот Галац. Според досегашните информации, во овој инцидент нема пријавено загрозени цивили ниту материјална штета на објекти.


