во ,

Трамп отвора Пандорина кутија: „Ќе објавам сè за Епштајн, но знам дека нема да ви биде доволно!“

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но посочи дека критичарите веројатно никогаш нема да бидат задоволни.

„Ќе им дадеме сè. Секако… [Но] што и да дадеме, никогаш не е доволно. Дадовме 50.000 страници и ситуацијата е иста како и измамата со Русија“, изјави Трамп, споредувајќи ја ситуацијата со притисокот за објавување документи за атентатите на Џон Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

„Тоа е проблем на демократите“

Трамп се обиде да го префрли тежиштето на скандалот врз неговите политички ривали. „Тоа е навистина проблем на демократите. Демократите беа пријатели на Епштајн, сите тие“, рече тој. Претседателот додаде дека не сака оваа тема да го одвлекува вниманието од „одличната работа“ што ја завршил со економијата и запирањето на војните.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„ШТЕТАТА Е ТОТАЛНА“: Градоначалникот на Загреб најави можно рушење на облакодерот „Вјесник“!

Бурата Клаудија носи смрт низ Европа: Потресни сцени од Италија и Франција