
Гориво под два долари по американската победа
Во својата најнова објава на социјалната мрежа Truth Social, американскиот лидер најави големи промени во ценовната политика на нафтените деривати. Трамп порача дека по воениот триумф на САД врз Иран, цените на бензините најпрво ќе се спуштат на три долари за галон, со крајна цел да паднат под два долари за галон. Тој испрати и директна порака до официјален Техеран, уверувајќи дека иранскиот режим никогаш нема да успее да развие нуклеарно оружје.
„Цените на нафтата ќе паднат, како и сè друго, но повеќе, кога ќе ја добиеме војната против Иран. Ќе бидат три долари за галон, но на крајот под два долари за галон. Сè ќе се случи брзо, а Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, напиша Трамп.
Голем јаз со моменталните пазарни цени
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Ваквите амбициозни предвидувања се во остар контраст со актуелната состојба на американскиот пазар на енергенси. Во моментов, просечната цена на дизел горивото во САД изнесува околу 4,15 долари за галон, додека во поодделни сојузни држави цените се значително повисоки. Особено драстичен пример е Калифорнија, каде што потрошувачите плаќаат дури 5,86 долари за галон, што покажува дека ветувањето на Трамп за спуштање под два долари би значело повеќе од двојно намалување на трошоците за гориво.


